Убедлив триумф со 85:61 постигнаа кошаркарите на ЦСКА синоќа во Евролигата на гостувањето кај Барселона во еден од трите петочни дуели.
Гостинска победа запиша и Анадолу Ефес по продолжение од пет минути над Уникс Казан со 99:92.
Единствено Дарушафака го искористи домашниот терен и го совлада Панатинаикос со 77:72.
На табелатапо 24 рунди водат Реал Мадрид и ЦСКА Москва со скор од 18-6 (победи-порази), а по нив следуваат Олимпијакос 17-7, Фенербахче 16-8, Панатинаикос 14-10, Црвена звезда 14-10