Кошаркарите на ЦСКА Москва се третиот тим што избори пласман во полуфиналето на кошаркарската Евролига.
Вечерва во „мајсторката“ на домашен терен ЦСКА Москва славеше убедлива победа над Панатинаикос со 74:44 и со 3-2 во добиени натпревари се избори за „фајнл фор“ турнирот.Најефикасен на натпреварот беше Саша Каун со 18 поени.
ЦСКА Москва во полуфиналето на 16.мај ќе игра против Макаби. Последниот полуфиналист ќе биде познат по одигрувањето на „мајсторката“ меѓу Реал Мадрид и европскиот првак Олимпијакос што се игра вечерва со почеток во 20:45 часот. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против Барселона.