Кошаркарите на ЦСКА Москва се првите полуфиналисти во Евролигата откако синоќа во третиот натпревар од четвртфиналето ја постигнаа и третата победа против Црвена Звезда.
Гостите од Русија решавачката предност за победата од 78:71 ја направија во третиот период, кој успеаја да го добијат со 23:12. Нандо Деколо со 20 поени беше најефикасен на натпреварот.
Нивни противник во полуфиналето, кое ќе се игра како дел од „фајнл фор“ турнирот во Берлин, ќе биде поуспешниот од дуелот Локомотив Кубан – Барселона.
Вечерва се играат другите четвртфинални дуели (натпревар број 3): Реал Мадрид – Фенербахче (0:2 во победи), Панатинаикос – Лаборал (0:2) и Барселона – Локомотив Кубан (1:1).