Московска ЦСКА е првиот тим кој обезбеди пласман во финалето кошаркарската Евролига.
ЦСКА го совлада рускиот ривал Локомотив Москва со 88-81 во првиот полуфинален натпревар на завршниот „Фајнал-фор“ турнир кој се одржува во Берлин.
До оваа победа московската екипа ја предводеше Французинот, Нандо Деколо кој средбата ја заврши со 30 поестигнати поени.
Сега ЦСКА ќе го исчекува исходот од вториот полуфинален меч во кој ќе играат истанбулски Фенербахче и шпанската екипа Лаборал. Овој натпревар ќе се игра вечерва од 21 часот, додека завршните две средби, дуелот за 3. место и финалето, ќе се играат в недела.