Екипите на ЦСКА Москва и на Фенербахче ја искористија предноста на домашниот терен на четвртфиналните дуели од кошаркарската Евролига и по два натпревара водат со 2-0 во победи против Панатинаикос односно Макаби.
ЦСКА Москва го совлада Панатинаикос со 100:80, а „тројката“ Сони Вимс (20 поени), Андреј Кириленко (16) и Нандо Де Коло беше најзаслужна за триумфот. Ендрју Гуделок (Фенербахче) беше најефикасен со 19 поени на дуелот меѓу Фенербахче и Макаби, а турската екипа има предност против европскиот шампион Макаби.
Вечерва се играат вторите натпревари на четвртфиналните дуели меѓу Реал Мадрид – Анадолу Ефес (1-0 во победи) и Барселона – Олимпијакос (1-0).