Екипата на ЦСКА Москва ја совлада Барселона со 93:82 во воведниот натпревар од 3.коло на ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.
На средбата одиграна попладнево во Москва домашната екипа до победата ја предводеа Кори Хигинс со 20, а Милош Теодосиќ и Андреј Воронцевиќ постигнаа по 16 поени.
Ова е единствениот меч од Ф групата, кој ќе се игра денеска, а во преостанатите три кои на програмата се утре ќе се сретнат: Химки – Лаборал, Реал Мадрид – Жалгирис и Олимпијакос – Бамберг.
Затоа пак во Е групата вечерва се играат три средби и тоа: Фенербахче – Локомотив Кубан (ос 20 часот), Панатинаикос – Црвена Звезда (20.15 ч.) и Уникаха – Цедевита 20.45 ч.). Турското дерби од оваа група меѓу Анадолу Ефес и Дарушафака на програмата е во петок.