Црвена Звезда убедлива во дуелот со Уникс

Од:

Кошаркарите на Црвена Звезда ја остварија 16.та победа во Евролигата откако синоќа во дуелот од 29.коло на домашен терен го совладаа тимот на Уникс со убедливи 83:65. Најефикасен на дуелот беше Милко Бјелица со 19 поени.

„Црвено-белите“ имаат една победа повеќе од Дарушафака, но нивниот меѓусебен дуел во последното коло во Истанбул ќе реши која ќе биде осмата екипа со пласман во следната фаза. Победникот од тој дуел ќе го освои осмото место. На првиот дуел на двата тима одигран во Белград победи Дарушафака.

Резултати на натпреварите од 29.коло: Црвена Звезда – Уникс 83:65, Галатасарај – Басконија 80:103, Жалгирис – Армани Милано 84:88, Панатинаикос – ЦСКА Москва 85:80 (по продолжение) и Реал Мадрид – Фенербахче 61:56, Анадолу Ефес – Олимпијакос 77:69, Бамберг – Дарушафака 97:99 (по продолжение), Барселона – Макаби 76:71.

Табела: Реал Мадрид 22-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 21-8, Олимпијакос 19-10, Панатинаикос 18-11, Басконија 17-12, Анадолу Ефес 17-12, Фенербахче 17-12, Црвена Звезда 16-13, Дарушафака 15-14, Жалгирис 13-16, Барселона 12-17, Бамберг 10-19, Галатасарај 10-19, Макаби 10-19, Милано Армани 8-21, Уникс 7-22.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска