Кошаркарите на Црвена Звезда постигнаа нова победа во кошаркарската Евролига откако во претходните две кола ги загубија натпреварите. Црвена Звезда како гостин го совлада Милано со 91:88. Ова за „црвено-белите“ беше шести триумф по 15 одиграни натпревари, додека Милано остана на последното место со четири победи.
Македонскиот интернационалец во дресот на Црвена Звезда Перо Антиќ, дуелот го заврши со 5 поени, 4 скокови и 5 асистенции, додека Американецот со македонски пасош кај Милано Џордан Теодор постигна 10 поени. Најефикасен на дуелот беше Џејмс Фелдин со 19 поени.
На другите дуели од 15.коло одиграни синоќа: Басконија – ЦСКА Москва 81:90, Химки – Барселона 65:79 и Анадолу Ефес – Бамберг 69:58.
Лидер на табелата е ЦСКА Москва со скор 12 победи и 3 порази.