Црвена Ѕвезда му должи на Самарџиски 185 илјади евра

Од:

Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски го доби спорот со својот поранешен клуб Црвена Звезда. Арбитражниот суд на ФИБА одлучи клубот да му исплати 185.660 евра.

Ова тело утврди дека тимот од Белград на Самарџиски му должи 173.750 евра и камата од 5 отсто, долг што не е исплатен.

Самарџиски за белградските „црвено-бели“ настапуваше во АБА лигата, но не беше лиценциран за домашното првенство во Србија. Во Црвена Звезда не беа задоволни од игрите на Самарџиски, а двете страни не се договорија за предвремен раскин на договорот, па затоа македонскиот кошаркар поднел тужба.

Арбитражниот суд на ФИБА утврдил дека Црвена Звезда на Самарџиски му исплатила само 10.000 евра.

Црвена Звезда ќе мора да ги плати и трошоците за судењето во висина од 11.910 евра.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос