Новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига, ќе започне на 3 октомври со средбата меѓу белградска Црвена звезда и дебитантот во ова натпреварување Левски од Софија.
Конкретниот термин (време) за почеток на натпреварот кој ќе се игра во салата „Пионир“ дополнително ќе биде одреден, се вели во соопштението објавено на официјалната веб страна на АБА лигата.
Воедно, дополнително ќе бидат одредени и термините за останатите средби од 1.коло, во кое македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против српскиот претставник Мега Визура.
И годинава во АБА лигата ќе настапуваат 14 екипи, а по одиграните 26 коло, четирите најдобро пласирани тимови, ќе разигруваат во плејофот, наместо на „Фајнал фор“ турнир, како што беше тоа случај во изминатите сезони.