Кошаркарите на Црвена Звезда направига големо изненадување со победата над ЦСКА Москва, додека Олимпијакос славеше триумф над Фенербахче.
Ова се двата најинтересни исходи од синоќешните средби одиграво во ракмите на 15. коло на кошаркарската Евролига.
На средбата во Белград, екипата на Црвена Звазда го совлада актуелниот шампион ЦСКА со 78-67, со што на московската екипа и го нанесе само третиот пораз сезонава.
И вицепрвакот Фенербахче загуби, и тоа на гостувањето во Атина кај Олимпијакос со 71-62.
Победа на домашен терен оствари и Басконија која со 101-88 го совлада Макаби Тел Авив со 101-88, додека на преостанатите два натпревари каде се радуваа гостинските кошаркари беа постигнати овие резултати, Анадолу Ефес – Реал Мадрид 78-80 и Армани Милано – Жалгирис 70-78.
Останатите три дуели од 15. коло ќе се играат денеска, а двојките се: Уникс Казан – Панатинаикос, Галатасарај – Бамберг и Барселона – Дарушафака.
Табела: ЦСКА Москва 12-3 (победи-порази), Реал Мадрид 10-5, Олимпијакос 10-5, Басконија 10-5, Панатинаикос 9-5, Фенербахче 9-6, Дарушафака 8-6, Црвена Звезда 7-8, Анадолу Ефес 7-8, Барселона 6-8, Жалгирис 6-9, Бамберг 5-9, Уникс Казан 5-9, Макаби Тел Авив 5-10, Галатасарај 4-10 и Армани Милано 4-11.