Црвена Звезда го декласираше МЗТ

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром беше немоќен да му пружи посилен отпор на евролигашот Црвена Звезда. Во дуелот од последното 26. коло на регионалната АБА лига попладнево во Белград „црвено-белите“ беа убедливи со 89:56.

Стефан Синовец со 17 и Александар Чапин со 10 поени беа најефикасни во гостинскиот состав.
МЗТ Скопје ја одигра најслабата АБА лигашка сезона во последните три години колку што се натпреварува во регионалното натпреварување.

Македонскиот првак по 26. рунди со ефект седум победи и 19 порази заврши на претпоследното место.

Црвена звезда лигашкиот дел го заврши со само два пораза и 24 победи и од првата стартна позиција го дочекува плеј-офот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос