Европското првенство во фудбал чиј домаќин е двоецот Полска – Украина стартуваше крваво. Шпански навивач е пронајден мртов близу украинскиот град Доњецк. Првичните информации од полицијата се дека 46 годишниот шпанец најверојатно починал од насилна смрт.
Неговото исчезнување го пријавиле неговите пријатели со кои бил дојден да го проследи фудбалското првенството. Откако цела вечер го немало да се врати во хотелот во малото градче Макајевка, каде биле сместени, пријателите се обратиле во полиција. Тие ниту на сон не верувале дека пораката на англискиот репрезентативец Сол Кемпбел: „Не одете на ЕП, ќе се вратите како леш“, ќе биде сурово вистинита за нивниот пријател.
Пред стартот на Евро 2012, многумина предупредуваа на проблемите со хулиганите и со криминалците во Полска и во Украина. Полицијата информираше дека веднаш се уапсени тројца добро познати криминалци, кои се сомничат дека го извршиле убиството.