Цонга се повреди и нема да игра против Федерер во финалето на Девис купот

Од:

Тениската репрезентација на Франција значително ги намали шансите за успех против Швајцарија во финалето на Дејвис купот, откако пред денешниот дуел закажан за 13 часот против Рожер Федерер, се повреди Џо-Вилфред Цонга (12. на АТП) и нема да настапи во можеби решавачкиот дуел за титулата.

Местото на Цонга ќе го заземе Ришар Гаске, 27. светски рекет кој сезонава на турнир во Мајами загуби од Федерер со 2-0 во сетови.

Сепак триесетина илјади француски навивачи на стадионот во Лил ќе очекуваат Гаске да го повтори успехот од полуфиналето кога го совлада Томаш Бердих. Тоа за него беше најголема победа сезонава со што го трасираше патот на Франција до финалето во Дејвис купот.

По првите два дена од финалните мечеви Швајцарците водат со 2-1 во победи. Евентуална победа на Федерер над Гаске ќе значи прва титула за неговата земја во светското репрезентативно натпреварување, во спротивно ќе се игра петти меч кој ќе одлучува за титулата.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров