Цонга и Вавринка први на теренот во финалето на Дејвис купот

Од:

Французинот Жо Вилфред Цонга и Швајцарецот Стан Вавринка први ќе се појават на теренот во рамките на финалето на Дејвис купот.

Тие ќе го играат првиот денешен меч што почнува во 14 часот. Дуелот од финалето на ова натпреварување меѓу Франција и Швајцарија се игра во Лил, на фудбалскиот стадион „Пјер Моро“, кој во оваа прилика е прилагоден за тенис со земјена подлога и ќе има капацитет од 27.000 места.

Во вториот денешен меч треба да играат Гаел Монфис (Франција) и Рожер Федерер (Швајцарија), а утре на програмата е мечот во двојки каде се пријавени Жулиен Бенто и Ришар Гаске за Франција и Марко Кудинели и Михаел Ламер за Швајцарија.

Франција досега има освоено девет титули во Дејвис купот, последната 2001 година, додека Швајцарија го игра своето второ финале, прво по 1992 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров