Чиро Имобиле ја заврши кариерата на 36 години: Семејството на прво место

Од:

Фудбалскиот свет го изненади веста дека Чиро Имобиле, легендарниот италијански напаѓач, на 36-годишна возраст одлучи да ја заврши својата играчка кариера. Одлуката неочекувано ја донесе непосредно пред почетокот на новата сезона, а веста официјално ја потврди неговиот клуб Paris FC, со кој имаше важечки договор.

Иако имаше договор со парискиот клуб до крајот на сезоната 2026/2027, еден од најдобрите италијански напаѓачи на 21 век нема да го исполни до крај. Во официјалното соопштение клубот ги објасни причините за одлуката на Имобиле.

„Чиро Имобиле и Paris FC ја информираат јавноста за одлуката на италијанскиот напаѓач да ја заврши професионалната фудбалска кариера. Играчот изрази потреба, по 17 години професионално занимавање со фудбал, поголем дел од своето време да го посвети на семејството“, стои во соопштението.

Клубот се прости од својата ѕвезда и со емотивна објава на социјалните мрежи.

„Чиро Имобиле е легенда. По 650 натпревари, повеќе од 320 голови и бројни трофеи, Чиро Имобиле ја завршува својата голема кариера. Исклучителен играч кој одбележа неколку генерации“, напишаа од Paris FC.

Имобиле зад себе остава една од најимпресивните биографии на својата генерација. Со Италија во 2021 година стана европски шампион, а со Lazio во 2020 година ја освои европската „Златна копачка“. Четири пати беше најдобар стрелец во Serie A, а во истата година кога ја освои „Златната копачка“, беше и најдобар стрелец во Лигата на Европа.

Во текот на кариерата постигна 350 голови на 656 настапи. По легендарниот статус во Lazio, за кој играше од 2016 до 2024 година, настапуваше за Beşiktaş и Bologna, пред во јануари оваа година да пристигне во Париз.

Претходно настапуваше и за Juventus, Siena, Pescara, Genoa, Torino, Borussia Dortmund и Sevilla.

Во текот на кариерата го освои германскиот Суперкуп со Borussia Dortmund, италијанскиот Куп и два Суперкупа со Lazio, како и турскиот Суперкуп со Beşiktaş. За репрезентацијата на Италија постигна 17 голови на 57 настапи.

Од Paris FC порачаа дека Имобиле свесно го избрал нивниот проект како последна станица во својата голема кариера.

„За нас беше чест да угостиме играч од таков калибар, со такво искуство и реноме“, истакнаа од клубот.

Во дресот на парискиот клуб минатата сезона Имобиле забележа два гола и две асистенции на 13 настапи во првенството и Купот.

Би можело да ве интересира

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Предраг Петровиќ

Пазарот полуде: Три трансфери над 100 милиони фунти

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Брод полн со туристи се приближи до јахтата на Халанд, неговата реакција стана хит

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

Денес стана најскапото засилување на Реал, а сè уште ја носи болката: Дрога во пијалакот ѝ го одзеде животот на неговата сестра