Чилиќ и Ферер се пласираа во второто коло на Ролан Гарос

Од:

Шампионот на УС Опен Марин Чилиќ од Хрватска успешно ја мина првата пречка на Ролан Гарос. Тој денеска во три сета го совлада Робин Хасе од Холандија со 3:0 и притоа загуби осум гема.

Успешен старт на Гренд слем турнирот имаше и финалистот од 2013 година Давид Ферер, кој го елиминира Лукаш Лацко со истиот резултат – 3:0 во сетови и притоа загуби само пет гема.

На женскиот дел од турнирот шампионката од 2009 година Светлана Кузнецова во три сета со 2:1 успеа да ја совлада Кики Бертанс.

Пласман во следната рунда обезбеди и Јулија Гергес, која исто со 2:1 во сетови ја победи Коко Вандевеге.

Во текот на денешниот ден ќе бидат комплетирани мечевите од првото коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров