Фудбалерите на Мексико, Хавиер Ернандез Чичарито и Мигел Лајун ја обоија својата коса бела во пресрет на денешниот меч со Бразил од осминафиналето на Светското првенство.
Очигледно, играчите одлучија на овој начин да ја свртат среќата кон својата репрезентација по последниот пораз од Шведска со 3:0 во третото коло од групната фаза.
Натпреварот Бразил – Мексико се игра попладнево во Самара со почеток во 16 часот.