Четврти дуел меѓу Куманово и Карпош С. во кошаркарскиот плејоф

Од:

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија вечер ќе се игра четвртиот натпревари од полуфиналето во плејофот, меѓу Куманово и Карпош Соколи.

За домаќинот, овој меч е „да се биде или не’’ имајќи ја во предвид предноста која ја има скопската екипа од 2-1 во победи, па доколку Карпош Соколи забележи победа вечерва ќе обезбеди пласман во големото финале.

Со спротивно, триумф на Куманово би значело нов натпревар, мајсторка, која ќе се игра во Скопје.

Потсетување дека, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром веќе обезбеди пласман во финалето откако со максимални 3-0 во победи во полуфиналната серија го елиминира кавадаречки Фени Индустри.

Вечерашниот дуел меѓу Куманово и Карпош Соколи ќе започне од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос