Четири тима во битка за кошаркарскиот трон во Европа

Од:

Четири тимови од Стариот континент заслужија да стигнат до финалната фаза од битката за кошаркарскиот трон во Европа.

Најпрестижниот тимски турнир – Евролигата оваа недела завршува со „фајнал фор“, кој ќе се одржи во српскиот главен град Белград.

Актуелниот шампион Фенербахче, ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Жалгирис ќе спорат во полуфиналето денеска, 18-ти мај со мислата за големото финале во недела, 20-ти мај.

Топ 4 оваа сезона во Евролигата го сочинуваа најуспешниот тим – ЦСКА Москва, најдобриот во одбраната – Фенербахче, непредвидливиот Жалгирис и составот со, за многумина најдобриот кошаркар за сезоната, Лука Дончиќ – Реал Мадрид.

Во првото полуфинале на Евролигата, Жалгарис и Фенербахче ќе излезат едни против други од 18 часот. Со други зборови, учителот се среќава со ученикот – Жељко Обрадовиќ против Шарунас Јасикевичиус. Литванецот, кој е актуелен тренер на Жалгарис, веќе ја освои титулата како играч под водство на Обрадовиќ со Панатинаикос во 2009 година.

Јасикевичиус го направи Жалгирис најголемо изненадување оваа сезона во Евролигата со пласман во последните четири. Местото на Литванците во полуфиналето беше целосно заслужено по победи над големи имиња – Фенербахче, ЦСКА Москва, Панатинаикос и Олимпијакос во регуларната сезона, како и успехот со 3-1 во победи над Олимпијакос во четвртфиналниот плејоф дуел.

Фенербахче заврши втор во регуларната сезона на Евролигата и ја елиминираше Басконија во четвртфиналето. Турскиот гигант има сериозни оружја, со кои ќе се обиде да го прекине сонот на Жалгирис. Тренерот Жељко Обрадовиќ знае најдобро како се освојува сличен трофеј откако веќе ја кревал девет пати европската титула, а 42-годишниот Шарунас Јасикевичиус во едвај втората целосна сезона како тренер има четири титули како играч.

Тимовите на ЦСКА Москва и Реал Мадрид ќе спорат во второто полуфинале вечерва од 21 часот. Дуелот ќе го одреди вториот финалист за сезоната 2017/2018.

Натпреварот ветува дека ќе биде доста ефективен бидејќи на двата краја се спротивставуваат тимовите со најдобар напад на турнирот. ЦСКА со просек од 89,2 поени по натпревар и Реал Мадрид со просек од 85,7. „Белиот балет“ доби добри вести за време на плејофот со враќањето на Серхио Љул по повредата и може да се потпре на својата млада ѕвезда Лука Дончиќ. Во кампот на ЦСКА Москва грижите се поврзани со ситуацијата на двајцата лидери – Нандо Де Коло и Кајл Хајнс.

Интересен факт од таборот на Реал е дека бекот ЏејСи Керол нема пропуштено натпревар за составот во Евролигата од април 2014-та година и одигра 132 последователни дуели за тимот.

Натпреварот за бронзените медали и големото финале на Евролигата ќе се одиграат во недела, 20-ти мај.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска