Со натпреварот во Москва меѓу ЦСКА и Лаборал денеска стартува дводневната програма од 2.коло на „Топ 16’’ фазата во кошаркарската Евролига.
Средбата во Москва (од 18 часот) е во рамките од Ф групата во кој вечерва ќе играат Олимпијакос – Армани (20:45), додека за утревечер закажани се средбите Нижиј Новогород – Фенербахче (17:30) и Анадолу Ефес – Уникаха (19:30).
Два натпревари ќе се играат вечерва и во Е групата. Во Тел Авив актуелниот европски шампион Макаби ја пречекува белградска Црвена звезда (од 20:05 часот), а во Мадрид кај Реал гостува Галатасарај (20:45).
Утревечер, македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со својата екипа Алба Берлин гостува во Каунас кај Жалгирис (18:45), а Барселона го пречекува Панатинаикос.