Нашиот боксер, Гого Славевски, кој кариерата ја гради во САД, извојува уште една победа.
Мечот имаше хуманитарен карактер, и беше организиран од главниот тренер на бејзбол клубот „Кубс“.
„Тоа беше приватен настан и не пуштаа никого од страна да влезе, дури ни најблиските на боксерите. Гостуваа повеќе телевизии и имаше директрн пренос, како и снимки на дел од борбите. Специјален гостин беше светскиот шампион во ВБЦ, Дејвид Дијаз, кој по борбата дојде, ми честиташе и ми даде неколку совети околу мојот стил на боксување“, објави ipon.mk.
Противникот, посочува, не го знаел, но бил подготвен и пружил добра борба. Мечот го добил на поени, иако во првата рунда противникот бил во нокдаун.