Чешка славеше над Грција со 2:1 и со првите бодови на ЕП, остана во игра за пласман во следната фаза.
После убедливиот пораз од Русија во 1. коло, Чесите влегоа во мечот мотивирано но и ефикасно. Веќе во 3.минута, Јирачек им побегна на своите чувари и ефектно го искористи проигрувањето на Хубшман.
Брзото водство и првичниот шок на Грција, Чесите го ефектуираа во 2:0. Во 6. минута, Пилар успеа да погоди.
Во второто полувреме, Гекас го искористи невниманието на чешкиот голман Чех, што им даде елан на Грците за целосна иницијатива, но до крајот немаше промена на резултат.