Чешка се откажа, Македонија оди на СП во Египет

Од:

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет, откако селекцијата на Чешка се откажа поради големиот брoј заболени со Ковид-19 и неможноста да собере доволно играчи за квалитетен настап.

Како прва резерва, нашата репрезентација добива шанса да биде дел до ракометниот мундијал , потврди ИХФ. Националниот тим во следните два дена треба да патува за Египет.

Нашата репрезентација ќе игра во групата Г во која се репрезентациите на домаќинот, Шведска и на Чиле. За да обезбедиме место во следната фаза треба да бидеме до третата позиција на конечната табела во прелиминарниот групен сегмент.

Македонската ракометна репрезентација првпат на Светско првенство играше во 1999 година токму во Египет. Потоа бевме дел и од мундијалите вo Хрватска, во Шпанија, во Катар во Франција и во Данска и Германија во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

ВИДЕО: Данска ја одбрани светската ракометна титула

Катерина Ѓуровски

Шпанија ја совлада Франција во битката бронза на ракометниот Мундијал

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска