Шпанија ја совлада Франција во битката бронза на ракометниот Мундијал

Од:

Актуелниот европски првак Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство за ракометари, откако попладнево ја совлада Франција со 35:29 (16:13).

Шпанците доминираа во „малото финале“ и уште од почетниот удар беа во континуирано водство кое на моменти во првото полувреме изнесуваше и пет голови разлика.

Французите се доближија на гол негатива на почетокот на второто полувреме (16:15), но Шпанија со серија од 4:1 повторно се одвои и рутински ја задржа предноста до самиот крај на мечот.

Најефикасен на натпреварот беше Алекс Душебаев со осум голови.

Светското првенство во Египет завршува вечерва со финалната пресметка меѓу актуелниот бранител на титулата Данска и Шведска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Данска ја одбрани светската ракометна титула

Катерина Ѓуровски

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонија на ракометниот мундијал: Шведска прв предизвик за репрезентативците

Катерина Ѓуровски

САД го откажаа настапот на Светското ракометно првенство

Ана Ололовска

Првиот натпревар за Македонија на Светското во Египет е веќе задутре

Жарко Настоски