Чешка ја освои титулата во Фед купот

Од:

Женската тениска селекција на Чешка ја освои титулата во Фед купот откако во првиот денешен меч од финалето Петра Квитова го донесе третиот поен против Германија. Квитова на задоволство на гледачите во О2 Арената во Прага, во драматичен меч ја победи Анжелик Кербер со 2:1 во сетови (7:6 (7:5); 4:6 и 6:4).

Тенисерките на Чешка по вчерашниот ден водеа со 2:0 откако Квитова ја победи Андреа Петковиќ (2:0 во сетови), а Луси Сафарова беше подобра од Кербер (2:0).

Со овој триумф Чешка поведе со 3:0 што е доволно за победа и трета титула во последните четири сезони, или вкупно осма откако претходните беа освоени како дел од Чехословачка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров