Червар и против Нексе ќе им даде шанса на „резервите“

Од:

Во период од 14 дена Металург игра пет натпревари. По ПСЖ и Борац Бања Лука, следуваат средбите со Нексе, Партизан и Барселона.

СЕХА лигата треба да се искористи особено од помладите играчи и оние кои не добиваат голема минутажа во Лигата на шампионите. Затоа Металург во ова натпреварување настапува со комбиниран состав, а така ќе биде и на утрешниот натпревар против Нексе, изјави тренерот Лино Червар, на денешната прес-конференција.

Червар ги информира новинарите дека од оние стандардните , утре најверојатно во тимот ќе бидат Павел Атман, Ренато Вугринец и Наумче Мојсовски, a помладите играчи кои настапија на средбата во Бања Лука како замена за овие тројца ракометари нема да играат против Нексе, бидејќи викендов имаат натпревар од македонското првенство со тимот на Металург Јуниор.

Според стратегот на македонскиот вицешампион Нексе е квалитетен тим со многу силна прва седморка и послаба клупа и затоа ќе треба максимално залагање на сите што ќе добијат можност да настапат во обид да се стигне до третата победа во СЕХА лигата.

Натпреварот Металург – Нексе (Хрватска) се игра утре со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ Борис Трајковски, додека вториот македонски претставник, тимот на Вардар игра исто така утре, гостува во Нови Сад кај Војводина (почеток 18 часот).

Металург има две победи и еден нерешен резултат во трите одиграни средби, а Вардар има две победи, едно реми и еден пораз во четирите натпревари.

На табелата води Загреб со максимални три победи. 

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска