Лондонските премиерлигаши Челзи и Арсенал се во битка за играчот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Жозе Мурињо по враќањето на тренерското место на „Стемфорд Бриџ“ му порача на Руни и тој да дојде во Челзи, верувајќи дека „сините“ од Лондон со него можат да триумфираат во Лигата на шампионите.
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да издвојува 250 илјади фунти неделна плата за трансфер на англискиот репрезентативец.
Од друга страна, интерес за Руни покажаува и менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, а според англиските медиуми се до доаѓањето на Мурињо, Руни беше поблиску до „топџиите“ отколку до Челзи, но сега веќе не е така.
Арсенал на Манчестер му нуди 250 милиони фунти обештетување, како и прифатлива плата за Руни. Сепак, конечниот збор за евентуалниот трансфер ќе го имаат Манчестер Јунајтед и неговиот напаѓач.