Фудбалскиот клуб Кристал Палас вечерва соопшти дека Челзи одлучил да го врати Тревор Чалоба од позајмица шест месеци порано.
Чалоба (25) му се приклучи на Кристал Палас на позајмица до крајот на сезоната во август минатата година, со опција Челзи да го врати пред крајот на позајмицата.
„Можеме да потврдиме дека Челзи ја активираше опцијата да го отповика Тревоr Чалоба од неговата позајмица. Би сакале да му се заблагодариме на Тревор за неговата напорна работа во црвено-синиот дрес и да му посакаме се најдобро во иднина“, се вели на веб-страницата на Кристал Палас.