Челзи го регистрира пензионираниот Петр Чех за Премиер лигата

Од:

Англиските клубови ги предадоа конечните списоци на регистрирани играчи во Премиер лигата, а Челзи привлече посебно внимание.

Лондонскиот клуб за тековната сезона го регистрираше Петр Чех, славниот голман на тимот кој ја заврши својата играчка кариера пред година и пол.

Чех стави крај во дресот на Арсенал, а потоа ја презеде функцијата советник за спортски и технички прашања во Челзи.

Френк Лампард го вклучи 38-годишниот чешки голман и е вклучен во составот како резервен играч без договор.

Менаџерот на клубот од „Стемфорд Бриџ“ се реши на овој чекор поради пандемијата на коронавирус со цел да има што поширок играчки кадар.

Трофејниот голман беше член на „сините“ од 2004 до 2015 година, по што помина четири сезони во Арсенал.

Чех освои 15 трофеи со лондонскиот клуб, вклучувајќи четири Премиер лиги, Лигата на шампионите во 2012 година и Лигата на Европа во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ