Челзи го бара играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, јавуваат англиските медиуми, додавајќи дека клубот од „Стемфорд бриџ“ веќе доставил понуда за босанскиот ас.
Претходно беше објавено дека Пјаниќ секако ќе ги напушти „бјанконерите“ летово, бидејќи сака да игра во Барселона.
Сепак, преговорите помеѓу Јуве и Каталонците се во застој и сега неговата иднина е нејасна. Пјаниќ има понуда и од Пари Сен Жермен, според медиумите.
Италијанскиот шампион е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челси, Жоржињо и се подготвени за размена.
Оваа сезона Пјаниќ има забележано 33 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.