Челси се подготвува да се раздели со Канте

Од:

Челси подготвува продажба на францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте за да собере средства за финансирање на трансферите на Каи Хаверц од Баер Леверкузен и Бен Чивел од Лестер, пишува „Тајмс“ во денешниот број.

Дваесет и деветгодишниот Канте, светски шампион со француската репрезентација, е еден од милениците на публиката на „Стемфорд бриџ“ и клучна фигура кај „сините“. Од влегувањето во лондонскиот клуб во 2016 година, тој ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Европа.

Челси веќе потроши 100 милиони фунти на Хаким Зијеш и Тимо Вернер, а на менаџерот Френк Лампард му е порачано дека клубот ќе може да продолжи да троши само доколку продаде некои од неговите сегашни sвезди.

Според „Тајмс“, Лампард е подготвен да се раздели со Канте, Тимуе Бакајоко, Миши Батшуаи и Баба Рахман. Сепак, за привлекување Хаврц и Чивел, на Челси ќе му требаат околу 125 милиони фунти повеќе, бидејќи цената на Германецот е околу 75 милиони, а онаа на Англичанецот – околу 50 милиони.

Челси води жестока битка за четвртото место во Премиер лигата, а екипата го започнува одново првенството во Англија со натпревари против Астон Вила, Манчестер сити и Лестер сити.

Би можело да ве интересира

Челси подготвуваат сензационална понуда за Нејмар?

Вилијан за посилен Фулам – Бразилецот се пресели на „Крејвен Котиџ“

Горан Наумовски

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

А1он

Велика Британија го замрзна имотот на Абрамович и на Челси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Челси е новиот светски клупски шампион

Обиен домот на англискиот дефанзивец Џејмс, украдени медалите од ЛШ и ЕУРО2020

А1он