Челси и Лестер се договорија за Чилвел

Од:

Дефанзивецот на Лестер Сити, Бен Чилвел е многу блиску до трансфер во Челзи. Двата клуба се согласија за износот на трансферот и „сините“ ќе им платат на „лисиците“ 65 милиони фунти за 23-годишниот фудбалер.

Чилвел се очекува да помине медицински прегледи на „Стемфорд Бриџ“ во понеделник. Левиот бек е дете на Лестер. Минатата сезона учествуваше на 33 натпревари на сите турнири. Тој го имаше своето деби за Англија во 2018 година во натпревар против Швајцарија (1:1) и оттогаш има одиграно 11 натпревари.

Неговиот договор со клубот од „Кинг Пауер“ е до 2024 година. Челси заврши на четвртото место во последната кампања, додека Лестер на петтото место. Ливерпул стана шампион на убедлив начин.

Би можело да ве интересира

Американка во Челси – најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

А1он

Челси подготвуваат сензационална понуда за Нејмар?

Вилијан за посилен Фулам – Бразилецот се пресели на „Крејвен Котиџ“

Горан Наумовски

Лестер ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“ – Фофана се сели во Челси

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

А1он

Велика Британија го замрзна имотот на Абрамович и на Челси

Катерина Ѓуровски