Чеферин има свој фаворит за домаќин на СП во 2030

Од:

Јубилејот, 100 години од првото Светско првенство, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, има желба да биде прославен на европска почва. Верува дека организацијата на мундијалот во 2030 година ќе ѝ биде доделен на Европа.

СП оваа година ќе се одржи во Катар, а во 2026 година домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.

Чеферин е сигурен дека организацијата на СП во 2030 година ќе го добијат Португалија и Шпанија.

„Ќе направиме сè што можеме за да помогнеме. Време е Европа да биде домаќин на Светското првенство и имаме некои планови за тоа“, изјави Чеферин и посочи дека последниот мундијал во Европа се одигра во 2018 година.

„Сигурен сум дека Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Португалија и Шпанија, две земји што го чувствуваат фудбалот. Тоа е победничка понуда и ќе направиме сè за да им помогнеме на земјите што живеат фудбал и имаат одлична инфраструктура“, рече Чеферин.

Досега желба за домаќин на Светското првенство во 2030 година изразија Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле, кои како четири земји заедно би го донеле турнирот во Јужна Америка на 100-годишнината од првиот турнир во Монтевидео.

Тука е и кандидатурата на Мароко, заедничката кандидатура на Португалија и Шпанија, а медиумите шпекулираат дека е можна заедничка кандидатура на Грција, Саудиска Арабија и на Египет.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Шурбатовиќ: ФСС ќе бара од УЕФА најстроги можни казни за извикувањето „Убиј го Србинот“

УЕФА му ја зема акредитација на новинарот Садику поради провокација

УЕФА ја казни Албанија

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ