Чави: Системот во Катар функционира подобро отколку во Шпанија

Од:

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, а сега тренер на Ал-Сад, Чави, призна дека се чувствува поудобно во Катар отколку дома. Во Шпанија ќе се одржат избор по четврти пат за четири години.

– Сега не живеам во демократска земја, но мислам дека системот функционира подобро отколку во Шпанија. Четврти избори? Го сакам најдоброто за мојата иднина и иднината на моите деца. И, за жал, гледам дека во Шпанија демократскиот систем не работи на најдобар начин, изјави Чави з атамошните медиуми.

На прашањето дали фудбалерите треба да зборуваат за своите политички ставови, играчот одговори:

– Во демократска држава, како што треба да биде во Шпанија, луѓето имаат право да одлучуваат. Зошто да не дозволиме да го сторат тоа? Не велам дали сум за независност или не. Јас само велам дека е неправедно дека има политички затвореници.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра