Церемониите околу олимпискиот оган во Грција нема да се одложат поради коронавирусот

Од:

Церемонијата за палење на олимпискиот оган на 12 март 2020 во античка Олимпија, штафетното предавање низ 31 грчки град и церемонијата во Атина за предавање на организаторите на летните Олимписки игри во Токио, нема да се одложат поради коронавирусот, соопштија од грчкиот Олимписки комитет по денешниот состанок.

На претходниот состанок одржан во вторникот, беше одлучено да се откажат предвидените ручеци и приеми во античка Олимпија, значително да се намали бројот на акредитации, генералната проба за палење на огнот да биде без публика, како и секои два дена да се прави анализа на ситуацијата и обработка на податоците, доколку бидат потребни дополнителни мерки за церемониите.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он