(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Од:

Речиси 11.000 луѓе го напуштиле Санторини во последните 48 часа поради потреси кои продолжуваат да го погодуваат грчкиот туристички остров, како и соседниот Аморгос, соопштија денеска грчките власти.


Околу 4.640 патници се качија на четири фериботи кои го напуштија светски познатиот вулкански остров од неделата, според податоците дадени за АФП од грчката крајбрежна стража во вторникот.

Грчкиот авиопревозник „Еџин ерлајнс“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни.

Два ферибота треба да тргнат од Санторини во текот на денот за Пиреја, главното пристаниште во близина на Атина.

Aegean Airlines планира осум летови во вторник со „вкупен капацитет од повеќе од 1.400 седишта“ и во соопштението се вели дека се уште има слободни места.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Егејското Море, на околу 31 километар од Санторини, утрово околу 4 часот и 45 минути по локално време, соопшти Геодинамичкиот институт на Атинската опсерваторија.

Набргу потоа, нов земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди истото подрачје.

Регистрирани се и други помали земјотреси, а грчките научници предупредија дека сеизмичката активност, која е засилена од саботата, може да трае со недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов земјотрес на Санторини, најсилен досега

Катерина Ѓуровски

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер регистриран во близина на Санторини, Мицотакис повика на смиреност

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

ВИДЕО: Неколку силни земјотреси утрово на Санторини, властите повикуваат на смиреност

Катерина Ѓуровски