Во Босна и Херцеговина оваа година увезен е автомобил вреден дури 750.000 КМ (380.000 евра).
Се работи за блиндиран мерцедес С 600, кој го увезла Амбасадата на Турција, дознава порталот Капитал. Ова е убедливо најскап увезен автомобил во БиХ во последните неколку години.
Луксузни автомобили во БиХ не купуваат само странци, а доказ за тоа е и набавката на сараевската фирма „СЅС Компани“ во сопственост на Фарук Телибеќиревиќ, која оваа година увезла електричен автомобил „Тесла моторс модел С” вреден 294.153 КМ или 150.000 евра. На оваа цена платен е и данок од 67.299 КМ.
Покрај овие, меѓу најскапите автомобили увезени во БиХ оваа година се наоѓа и Мерцедес С500 4 МАТИС Мајбах, кој чинел 282.559 КМ, а за него е платен данок во износ од 48.068 КМ.
Меѓу најскапите увезени возила е и „порше Панамера Т” вреден 242.252 КМ. За овој автомобил при увозот платен е данок во износ од 41.291 КМ.