Цедевита убедлива против Крка во дуел од АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Цедевита славеа победа над словенечката Крка, предводена од македонскиот селектор Александар Џикиќ, во воведниот натпревар од 14. коло на регионалната кошаркарска АБА лига.

На средбата одиграна вечерва во Загреб, хрватскиот тим победата ја најави уште по првата четвртина која ја доби со 29:15, а на полувремето имаше 16 поени предност 55:39.

Во вториот дел играчите на Цедевита рутинирано ја одржуваа предноста и до десеттата победа стигнаа со конечни 100:75.

Покрај овој натпревар вечерва се играат уште три средби од 14. коло (прво од вториот дел на сезоната), а во нив се среќаваат: Унион Олимпија – Цибона, Партизан – Шолнок и Игокеа – Задар.

Утре на програмата се два натпревари, Левски – Црвена Ѕвезда и Металац – Будуќност.

Оваа рунда ќе биде заокружена во четврток со натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје од 20 часот, а во кој македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ќе ја пречека екипата на Мега Лекс.

Табела: Црвена Ѕвезда 13-0 (победи-порази), Будуќност 11-2, Цедевита 10-4, Унион Олимпија 8-5, Цибона 7-6, Крка 6-8, Партизан 6-7, Мега Лекс 6-7, Задар 6-7, Шолнок 6-7, Игокеа 4-9, Металац 4-9, МЗТ Скопје Аеродром 4-9 и Левски 1-12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос