Кошаркарите на Цедевита постави нов рекорд во регионалната кошаркарска АБА лига. Тие вчеравечер го совладаа Задар со 58 разлика што претставува највисок триумф во историјата на ова натпреварување.
Досегашниот рекорд со победи од 50 поени разлика го држеа Партизан, Црвена Ѕвезда и Задар.
Со дуелот во Загреб беше отворена четвртата рунда. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечер од 21 часот го игра дуелот со Цибона, додека Карпош Соколи утре од 18 часот го пречекува Партизан.
Двата македонски претставника на Јадранот се уште се без победа по првите три круга.