Екипата на Цедевита ја постигна првата победа во ТОП 16 фазата од Евролигата. Кошаркарите од Загреб синоќа во рамките на второто коло славеа на гостувањето кај Дарушафака со 79:72. Најдобар на теренот беше Џејкоб Пулен, кој постигна 25 поени.
Во другата група беа одиграни три натпревари од 2.коло, а втората победа ја запиша само Олимпијакос.
Резултати и двојки од 2.коло:
Е група: Дарушафака – Цедевита 72:79. Вечерва играат: Локомотив Кубан – Анадолу Ефес, Црвена Звезда – Фенербахче и Панатинаикос – Малага.
Ф група: ЦСКА Москва – Реал Мадрид 95:81, Лаборал – Олимпијакос 76:82, Барселона – Химки 87:70. Вечерва играат: Бамберг – Жалгирис.