Буниќ неизвесен за утрешниот натпревар со Партизан

Од:

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром успеаја да постигнат две победи по ред во АБА лигата, а веќе утре (почеток 17 часот) ги очекува нов голем предизвик дуелот со повеќекартниот шампион на АБА лигата Партизан.

Тренерот на „металците“ Александар Јончевски се соочува со проблем откако Душко Буниќ се пожали на повреда на скочниот зглоб, па неговиот настап е неизвесен за утрешниот натпревар.

Двата тима на досега одиграните 15 натпревари имаат по шест победи и девет порази, а првиот дуел од шампионатот го доби Партизан со 72:69, иако МЗТ Скопје имаше водство во поглемиот дел од дуелот.

Во Партизан најавуваат дека ги очекува тешко гостување во Скопје, но и тие се надеваат на победа.

Од 16.коло од АБА лигата вечерва се играат два натпревара: Цибона – Цедевита и Крка – Тајфун, додека утре покрај МЗТ Скопје – Партизан играат уште: Сутјеска – Олимпија, Игокеа – Металац. Во четврток се играат истотака два натпревара: Црвена Звезда – Задар и Мега – Будуќност.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос