Светот нетрпеливо го очекува Bugatti Chiron, кој ќе има премиера во Женева во март 2016 година, па логично е да се појавуваат се повеќе проверени и „проверени‟ информации.
Една таква стигнува од Чешка и се повикува на извори блиски на тимот кој го претставуваат моделот Бугати на потенцијални купувачи, а се однесува на силата и брзината на наследникот на познатиот модел Veyron.
Наводно Bugatti Chiron под хаубата ќе има 1.500 коњски сили, quad-turbo W16 агрегат со запремнина од 8 литри, со асистенција на електриката.
Се наведува дека до 100 километри на час ќе забрзува за фантастични 2,2 секунди и дека ќе достигнува брзина од 497 километри на час.
Тие бројки убедија 130 луѓе да го порачаат автомобилот кој ќе чини околу 2,2 милиони долари. Производството е лимитирано на 500 примерови, по 100 во следните пет години.