Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, помалку е разочаран дека клубот не успеал да го продолжи својот победнички поход во Француското фудбалско првенство.
Парижаните во изминатото коло загубија од Олимпик Лион (1:2). Пред тоа, тие имаа 18 победи и две нерешени средби оваа сезоната.
Штета е што нашата победничка серија е завршена, објави Буфон на својот твитер-профил.
Во минатото првенство ПСЖ имаше серија од 21 натпревар без пораз.