Будуќност продолжува со максималниот ефект во АБА лигата

Од:

Тимот на Будуќност од Подгорица синоќа ја забележа петтата победа во регионалната кошаркарска АБА лига и со максимални 10 бодови е лидер на табелата.

До петтиот триумф подгоричани стигнаа против актуелниот шампион на Јадранот, екипата на Цибона од Загреб со 101:79.

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во Ново Место убедливо загуби од Крка со 85:52.
Резултати на другите три одиграни натпревари од 5.коло: Шолнок – Левски 81:67, Партизан – Металац 84:77 и Мега Визура – Олимпија 85:66.

Денеска играат Задар – Црвена звезда и Цедевита – Игокеа.

Пред комплетирањето на 5.коло, на врвот е Будуќност со максимални пет победи, Црвена звезда има четири и натпревар помалку, Крка е со учинок 4-1.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос