Бронза за Шведска на Светското првенство во хокеј на мраз

Од:

Селекцијата на Шведска е освојувач на бронзениот медал на 78. Светско првенство во хокеј на мраз што годинава се игра во Минск, Белорусија.

Хокеарите на Шведска во борбата за третото место ја совладаа селекцијата на Чешка со 3:0.

Со два постигнати гола „Викинзите„ предноста ја стекнаа во првиот период кој го добија со 2:0. Во вториот немаше постигнат гол, а во третиот уште еднаш Шведска успеа да ја затресе мрежата на чешкиот голман, за конечни 3:0.

Во големото финале, односно дуелот за шампионскиот трофеј вечерва од 20 часот на мразот ќе излезат хокеарите на Русија и Финска.

Би можело да ве интересира

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска

Далас стигна до финалето на Стенли купот за прв пат по две децении

Ана Ололовска