Фудбалерите на Јужна Кореја го освоија бронзениот медал на Олимпијадата во Лондон. Синоќа во натпреварот за 3-тото место, одигран на стадионот „Милениум“ во Кардиф, селекцијата на Јужна Кореја ја совлада Јапонија со 2:0.
Стрелци на головите беа Чујонг Парк (38) и Јачеол Коо (57 минута). Финалниот натпревар по кој ќе биде познат и олимпискиот шампион ќе се игра денеска на „Вембли“ со почеток во 16 часот, а за златото ќе се борат фудбалерите на Бразил и Мексико.