Бројот на гледачи на португалското Гран при се намалува од 46 на 27,5 илјади

Од:

Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи.

– Додека ја чекаме конечната одлука на Министерството за здравство, одлучивме максималниот број на гледачи да биде 27.500, соопшти Пауло Пинеиро, раководител на патеката „Алгарве“.

Првично, 46 илјади билети беа ставени на продажба, меѓутоа, поради влошената состојба со коронавирусот во земјата, беше одлучено да се намали бројот на навивачи на трибините.

Трката во Портимао, треба да се вози следниот викенд.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур