Бројни медали за карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци

Од:

Три златни, седум сребрени и 16 бронзени медали освоија младите каратисти од карате клубот „Урбан инвест“ од Кавадарци, на Меѓународниот натпревар „Струга опен 2016 година”, информираа од кавадаречкиот карате клуб.

Од клубот посочија дека на натпреварот во саботата учествувале 340 натпреварувачи од 51 клубови од Македонија, од Косово и од Албанија.

Златни медали освоија  Владанка Аврамова во категорија на  кати поединечно  за кадетки,  Петар Аврамов во категорија кати поединечно  и ката тимот за  кадетки-јуниорки во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“