Брачна двојка од Англија во својата гаража веќе 38 години паркираат само автомобили од марката „Митцубиши“.
Не е реткост купувачите од Островот во текот на подолг период да сe „поврзуваат“ со еден производител на автомобили, особено кога станува збор за луксузни или британски авто-брендови.
Брачната двојка Ходсон, од југозападниот дел на Англија, сепак, не им припаѓа на богатите клиенти која со генерации купува само возила од марката „Ролс-Ројс“ или некој друг „домашен“ бренд.
Клиф Ходсон и неговата сoпруга Ен, веќе четири децении својата верност ја покажуваат за јапонската марка „Митцубиши“.
Првиот модел од овој производител – „Колт“, го купиле во далечната 1979 година. Во меѓувреме имале и голем број други автомобили од ергелата на „Битцубиши“, како што се „Сигма“, „Галант“, „Ланцер“, „Спејс Стар“ , „ASX“ и „Мираж“.
– Најмногу ми се допаѓа моделот „ASX“, иако на патеката за трки сакам да го пробам и „Ланцер ЕВО“, призна Клиф Ходсон. Љубовта кон „Митцубиши“ тој ја пренел и на своите потомци, па така нивната ќерка вози „Ланцер“, а внуката „Колт“.
Брачната двојка Ходсон деновиве биле до омилениот продажен салон каде веќе се постојани муштерии за да го преземат својот нов автомобил, 14 модел на „Митцубиши“ по ред, а изборот повторно паднал на „Колт“.